Вернер повторно гледа кон Лондон?

Германскиот фудбалер Тимо Вернер ќе се обиде да го напушти Лајпциг во зимскиот преоден рок и повторно да се обиде во англиската Премиер лига.
Напаѓачот е несреќен во Лајпциг, нема статус на првотимец, а сака да му се наметне на селекторот Јулијан Нагелсман за ЕП, па реалноста е дека во текот на јануари ќе ја смени средината и ќе замине некаде на позајмица.
Според последните информации интерес за неговите услуги покажа Фулам.
Сигурно е дека би добил соодветна минутажа во тој тим, што не е случај во Лајпциг.
Сезонава настапи на само седум натпревари во Бундеслигата и постигна два гола, а минатата сезона постигна 16 гола на 40 натпревари во сите натпреварувања.
Пред да се врати во Лајпциг, тој играше за Челзи и со овој клуб ја освои Лигата на шампионите во 2021 година.
Покрај Вернер, Фулам сака да го позајми и напаѓачот на Ајакс Чуба Акпом, а ривал во трката за овој играч е градскиот ривал од Лондон, Кристал Палас.



