Вернер прв до 20 погодоци во Бундеслигата, Лајпциг незапирлив на патот кон титулата
Д М18 јан 2020

Во последниот натпревар од 20-то коло на германската Бундес лига, Лајпциг го совлада Унион Берлин со 3:1.
Лидерот во Бундеслигата имаше некои проблеми, но на полувреме се „собра“ и во второто полувреме со три гола направија пресврт и ја запишаа 12. победа.
Унион поведе од 10. минута по голот на Бултер, но второто полувреме донесе целосна доминација на домаќините, два гола на Вернер и еден на Сабитцер за конечни 3:1.
Со два гола денес, Вернер го престигна Левандовски и со 20 гола е првиот стрелец на првенството, неговиот тим е уште поблиску до титулата, иако сепак е далеку од неа.
Лајпциг има 40, Борусија М’гладбах 35, Баерн 33 поени и натпревар помалку и Борусија Дортмунд 33, како и Шалке, кој исто така има 33 поени.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



