SportM
Фудбал

Вернер стана дух во Челзи: Трансферот е веќе во тек, новиот клуб е изненадување

Д М18 сеп 2021
Вернер стана дух во Челзи: Трансферот е веќе во тек, новиот клуб е изненадување

Кариерата на Тимо Вернер во Челзи досега беше одбележана главно со големи неуспеси.

Кога беа исплатени огромни 53 милиони евра летото 2020 година, Вернер пристигна на Стемфорд Бриџ како големо засилување, но не успеа да ги оправда вложените пари.

„Сините“ станаа европски шампиони минатата сезона, но реалноста е дека 25-годишниот Германец воопшто не ја оправдува својата инвестиција. Доказ за тоа е доведувањето на Ромелу Лукаку.

Кога Белгиецот потпиша Вернер автоматски стана сенка и едноставно веќе нема место во Челзи, барем во стартниот состав.

Информациите од Германија велат дека веќе е во тек трансферот на поранешниот напаѓач на РБ Лајпциг, а како нова дестинација се споменува Борусија Дортмунд.

Имено, во Дортмунд го ставија Вернер на првото место на засилување во случај Ерлинг Халанд да го напушти клубот, што најверојатно ќе се случи следното лето, со оглед на откупната клаузула од околу 100 милиони евра.

Во Германија, Вернер играше не само за РБ Лајпциг, туку и за Штутгарт. Впечаток е дека фудбалот во Бундеслигата многу му одговара, па враќањето во татковината изгледа сигурно.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.