SportM
Фудбал

Вест Хем ја продлабочи кризата во Манчестер Јунајтед

Д М29 сеп 2018
Вест Хем ја продлабочи кризата во Манчестер Јунајтед

Вест Хем ја продлабочи кризата во Манчестер Јунајтед, откако ги порази „црвените ѓаволи“ со 3:1 на својот стадион „Лондон“.

„Чеканите“ ги искористија своите ситуации, додека противникот дефинитивно покажа дека атмосферата во тимот не е воопшто добра, играа без расположение, а тензиите врз Жозе Мурињо сега ќе станат сѐ поголеми.

Домаќините поведоа со два гола до паузата, а иако неизвесноста се врати со гол на гостите на дваесет минути пред крајот, домаќините си го загарантираа успехот со нов гол и така веќе имаат 7 поени, додека Јунајтед останува со 10 на табелата во премиер лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.