SportM
Фудбал

Вест на денот за Милан пред дербито на деценијата, Рафаел Леао нема да оди никаде!

Д М10 мај 2023
Вест на денот за Милан пред дербито на деценијата, Рафаел Леао нема да оди никаде!

Милан вечерва ќе го одигра натпреварот на деценијата во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде во првиот меч ќе биде номинален домаќин против градскиот ривал Интер.

И додека навивачите нетрпеливо го чекаат спектаклот на Сан Сиро, одлични вести за Росонерите пристигнуваат од Ломбардија.

Познатиот новинар на Атлетик Џејмс Хорнкасл објави дека Милан го продолжил договорот со највредниот играч на тимот Рафаел Леао (23).

Португалецот наводно потпишал нов договор кој ќе биде со важност до летото 2028 година, додека претходниот до јуни 2024 година.

„Росонерите“ беа во голема опасност да го загубат најдобриот играч на Серија А минатата сезона за обештетување под цената или целосно бесплатно, но преговорите сепак вродија со плод.

Тој и оваа сезона игра доста добро, на 44 натпревари постигна 13 гола со 13 асистенции, сепак неизвесно е учеството на Леао на вечерашниот меч поради повреда на предните вкрстени лигаменти.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.