Видал го прекина молкот: Не сакам да одам никаде

Чилеанецот Артуро Видал конечно проговори по многуте написи за заминување од Барселона.
По пристигнувањето од Баерн, на Видал навистина не му одеше на „Ноу Камп“, не толку многу заради настапите, туку заради недостаток на минутажа и довербата што ја посакаува.
Како резултат на тоа, во последниве месеци се појавија интензивни гласини за тоа што сака да ја напушти Барселона, а многумина го преселија во Интер, каде го тренираат Антонио Конте, со кого успешно соработуваше во Јувентус.
Во меѓувреме, приказната се смени и Видал не сака да оди никаде.
„За мене е многу убаво во Барселона. Се чувствувам пријатно таму и имам многу пријатели во соблекувалната. Сакам да останам, се чувствувам поподготвен од кога било“, рече Видал.
Покрај Интер, и Њукасл беше заинтересиран за Видал.



