Connect with us

Фудбал

Видал го раскинува договорот со Барселона, заминува во Интер

Артуро Видали вчера се состана со челниците на Барселона за да го раскине договорот и денеска во текот на денот ќе пристигне во Италија, за да ги помине медицинските тестови пред да се пресели во Интер.

Тренерот Роналд Куман на чилеанскиот играч за врска изјави дека мора да најде нов клуб, па Барса беше подготвена да го раскине договорот една година пред да истече, наместо да разговара со заинтересираните клубови за негова продажба.

Според „Спорт Медиасет“, неговиот договор бил раскинат синоќа, откако Видал се согласил да се откаже од платата за минатата година, со цел да се приклучи на Интер бесплатно.

Видал веќе постигна личен договор со Интер, откако се согласи на двегодишен договор, со можност за уште една година, со годишна плата од 6 милиони евра плус бонуси.

loading...

Тој се очекува да пристигне во Милано во следните часови на медицински тестови и да го потпише договорот.

Во Интер тој ќе биде повторно обединет со тренерот Антонио Конте, кој инсистираше на неговиот трансфер уште од јануари.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com