SportM
Фудбал

(ВИДЕО) Албанецот од Македонија кој порасна со Ибрахимовиќ: „Мајка ми го хранеше…“

Д М28 мар 2020
(ВИДЕО) Албанецот од Македонија кој порасна со Ибрахимовиќ: „Мајка ми го хранеше…“

Еден Албанец од Струга, Ади Хоџа, го раскажа својот живот во Малме, Шведска, каде пораснал заедно со една од фудбалските икони, Златан Ибрахимовиќ, за кој вели дека бил многу лошо дете.

Роден во Шведска, Ади Хоџа сега работи како тренер, и рече дека неговата мајка постојано го хранела Златан, кој подоцна стана една од најголемите спортски личности во светот.

Ибрахимовиќ замина во Ајакс од Малме, подоцна играјќи за најголемите клубови во Италија, Барселона, ПСЖ, а неодамна се врати од САД во Европа и повторно потпиша за Милан. Ибра се смета за контроверзна личност, темпераментен, понекогаш арогантен, а тоа го потврди и Албанецот од Струга.

„Како изгледаше малиот Златан? Лошо. Тој секогаш мораше да гледа кој што работи. Јас го познавам уште од шест години. Тој живееше овде, во оваа зграда, на петтиот кат, а ние живеевме во зградата во близина на третиот кат. Неговата мајка таа живееше овде, но тие беа сиромашни. Тој доаѓаше кај нас и јадеше леб, мајка ми неколку пати го хранеше“, рече Ади.

 
„Ретко зборуваме сега. Ние последно разговаравме пред четири години. Тогаш јас бев во Париз и гледав натпревар на ПСЖ и тоа беше последен пат“, додаде тој.

Инаку, на зградата во која живееше Ибрахимовиќ, денес е нацртан неговиот лик, а на блиското игралиште има порака дека Златан Ибрахимовиќ таму поминал како дете. Мештаните секако се горди на својот сосед кој стана голема sвезда, но неговиот поранешен соиграч од детството и поранешен пријател нема најдобро мислење за него.

https://www.facebook.com/lajmtvonline/videos/1064162543953109/

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.