Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Алиоски одигра само 10 минути, Лестер славеше над Лидс

Лестер запиша висока победа на гостувањето кај Лидс, славеше со резултат 4:1 во седмото коло од англиската Премирлига.

Гостите одлично го започнаа натпреварот и по само две минути игра постигнаа гол, Барнс беше прецизен за 1:0, а во 21. минута Тилеманс зголеми на 2:0.

Лидс единствениот гол го постигна во 48. минута преку Далас, по што се обиде да постигне барем уште еден гол, но Лестер ги користеше своите шанси. Гостите преку Варди и Тилеманс од пенал погодија за 4:1.

Нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски доби шанса на теренот, откако влезе во 81. минута од мечот, но не можеше премногу да им помогне на своите соиграчи.

Лестер по седум одиграни кола се наоѓа на втората позиција со 15 бодови, односно еден помалку од лидерот Ливерпул. Додека Лидс е на 12. позиција со 10 бодови.

loading...

Facebook