ВИДЕО: Американците стигнаа до седмата титула од Голд купот
Д М2 авг 2021

Фудбалската репрезентавија на САД, утринава со победа над Мексико го оцвои Голд Купот.
Натпреварот се играше пред 61.000 гледачи на стадионот „Алеџијант“ во Невада, а Американците успеаја со минимални 1-0 во продолженијата, да стигнат до седмата титула во ова натпреварување на Северна и Централна Америка, што се одржува на секои две години.
Херој на домашната селекција беше Мајлс Робинсон, кој со глава ја затресе мрежата на Мексико во 117.минута од натпреварот.
За САД ова беше седма титула во натпреварувањето, но Мексико и натаму е најуспешна нација со 11 трофеи. Интересно е тоа што ова е втора победа на САД летово против Мексико, бидејќи славеше и во финалето на Лигата на нации на Конкакаф.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



