SportM
Фудбал

ВИДЕО: Челзи без проблем на гостување против Саутемптон

Д М7 окт 2018
ВИДЕО: Челзи без проблем на гостување против Саутемптон

Фудбалерите на Челзи го победиа Саутемптон со 3:0.

Челзи денес во рамки на 8. коло гостуваше од Премиер лигата кај Саутемптон, кој слабо ја отвори сезоната и на домашен терен загуби од Челзи.

Покрај тоа што двете екипи во првиот половина час од натпреварот имаа по една добра шанса, дојде ред и на гол. По точно половина час игра, Баркли му асистираше на Еден Азар и го постигна седмиот гол оваа сезона и со тоа го доведе неговиот тим во водство. Тоа беше, исто така, конечниот резултат на првото полувреме.

Во продолжение на натпреварот немаше големи шанси се до 57. минути кога Оливие Жиру му асистираше на Баркли за да го постигне вториот гол за Челзи.

Имаа шанса и домаќините, но Челзи повторно беше оној кој дојде до гол. Азар му асистираше на Мората кој го постави конечниот резултат од 3:0.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.