SportM
Фудбал

ВИДЕО: Фантастично збогување со Агуеро од „Етихад“!

Д М23 мај 2021
ВИДЕО: Фантастично збогување со Агуеро од „Етихад“!

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро во својата неделна победа против Евертон (5:0) го одигра последниот натпревар во дресот на „граѓаните“ во Премиер лигата.

33-годишниот Аргентинец ќе го напушти клубот на крајот на сезоната по десет години поминати во Манчестер, а на спектакуларен начин се прости од 10.000 навивачи на „Етихад“.

Искусниот фудбалер влезе во игра со аплауз од публиката во 65-та минута, а постигна два гола до 76-та. Првиот со нога, вториот со глава.

Со два гола против Евертон, Агуеро стана најдобар стрелец во историјата на „Граѓаните“ во Премиер лигата со 184 постигнати голови, а на вечната листа на најдобри стрелци во дресот на еден клуб, го престигна Вејн Руни (Манчестер Јунајтед) кој постигна 183.

Да потсетиме, оваа сезона одличниот напаѓач го победи Ерик Брук на вечната листа на Граѓани, кој беше клупски рекордер со 158 погодоци.

Аргентинецот постигна вкупно 260 гола во сите натпреварувања за Манчестер Сити, и е четврти стрелец во Премиер лигата во историјата.

Агуеро дојде на Островот од Атлетико Мадрид во 2011 година и со тимот од „Етихад“ беше пет пати шампион на Англија, еднаш освојувач на ФА купот, шест пати најдобри во англискиот Лига куп и три пати во англискиот Суперкуп.

До разделбата со „граѓаните“, тој се очекува да игра во финалето на Лигата на шампионите против Челзи на 29 мај на стадионот „Драгао“ во Порто, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.