Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Франција со пресврт до нова победа

Фудбалерите на Франција ја совладаа Германија со 2:1 во дерби мечот на групата А од Лигата на нациите.

Пред овој натпревар, Германија загуби од Холандија, со убедлив 3:0.

Светските шампиони од Бразил добро влегоа во натпреварот и го превзедоа водството во 14. минута, кога Тони Крос го искористи пеналот и погоди за 1:0.

И послем тоа Германците беа подобри и напаѓаа, а добра шанса имаа преку Гинтер во 24. минута, но неговиот удар го одбрани голманот на Тотенхем. Пред самиот крај на првиот дел Жиру имаше шанса за израмнување, но шутираше над голот.

Како што течеше натпреварот, Франција максимално се фокусира и успеа да го “сврти” резултатот. Во 62. минути од натпреварот, Антоан Гризман со глава постигна гол за 1:1, така што 10 минути пред крајот на натпреварот истиот играч од пенал го постави конечниот резултат на натпреварот.

Резултати од сите натпревари:

ЛИГА А: Франција – Германија 2-1.

ЛИГА Б: Р. Ирска – Велс 0-1, Украина – Чешка 1-0.

ЛИГА Ц: Норвешка – Бугарија 1-0, Словенија – Кипар 1-1.

ЛИГА Д: Ерменија – Македонија 4-0, Казахстан – Андора 4-0, Летонија – Грузија 0-3, Гибралтар – Лихтенштајн 2-1.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com