Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фудбалерите на Барселона покажаа како излегуваат на теренот по проблемите со короната

Барселона утрово соопшти дека има уште тројца играчи кои се позитивни на коронавирус.

Каталонскиот клуб во недела го очекува гостувањето кај Мајорка, а Чави Ернандез не може да смета на поголем дел од првотимците.

Коронавирусот тотално ја „пресече“ Барселона за време на кратката зимска пауза, а моментално се заразени десет првотимци на овој клуб.

Сепак, правилата на Ла Лига јасно кажуваат дека може да се игра натпревар се додека во двата тима има пет здрави првотимци.

Во Барселона на секој начин се обидуваат да ги заштитат другите играчи, а тоа се виде и на денешниот тренинг. Играчите доаѓаат во опрема во тренинг центарот и овие маски мора да се носат додека Чави не го означи почетокот на тренингот.

Останатите членови на стручниот штаб не смеат да ги симнат заштитните маски, но прашање е дали има уште позитивни во Барселона, со оглед на тоа што некои од заразените синоќа го одработија тренингот според планот и програмата.

Реклама

Facebook

Реклама