SportM
Фудбал

ВИДЕО: Халанд е херој, но потегот на вечерта го направи Џејдон Санчо

Д М19 фев 2020
ВИДЕО: Халанд е херој, но потегот на вечерта го направи Џејдон Санчо

Борусија Дортмунд забележа голема победа синоќа во првиот натпревар од 1/8 финале во Лигата на шампионите.

Милионерите го совладаа ПСЖ со 2:1 на домашен терен, а младиот Ерлинг Халанд беше херој на домашната победа. Незапирливиот Норвежанец ги постигна двата гола за Борусија.

Халанд импресионираше со своите голови, но другата млада sвезда на Борусија, Џејдон Санчо, имаше што да покаже на теренот.

Санчо изведе брилијантен дриблинг во средниот ред. Англичанецот успеа да ја протне топката меѓу нозете на Марко Верати.

Од УЕФА овој потег го прогласија како вештина на денот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.