Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Ибра во свој стил, дали е порака за Роналдо: Вирусот ме предизвика, јас го победив, ама ти не си Златан

Додека Кристијано Роналдо седи во изолација поради коронавирусот, Златан Ибрахимовиќ снима видеоспотови. Токму Златан беше исто така во карантин поради Ковид 19, потоа доби негативен тест и на мечевите после тоа се врати на теренот и ги тресе противничките мрежи.

Во видео пораката Ибрахимовиќ вели:

-Вирусот ме предизвика, а јас го победив. Но, ти не си Златан, не го предизвикувај вирусот. Мисли со главата, почитувај ги правилата, дистанцата, носете маска. Ќе победиме, порача Ибра.

loading...

Facebook