SportM
Фудбал

ВИДЕО: Каква вечер за Арсенал, по 14 години славеа на „Олд Трафорд“, почетничка грешка на Погба ги чинеше пораз

E R1 ное 2020
ВИДЕО: Каква вечер за Арсенал, по 14 години славеа на „Олд Трафорд“, почетничка грешка на Погба ги чинеше пораз

Арсенал слави на „Олд Трафорд“ по пауза од 14 години. Пјер Емерик Обамејанг е стрелец на единствениот гол во 69-та минута со кој „Топџиите“ славеа со 1:0. Сепак, на ова му претходеше почетничка грешка на Пол Погба.

Французинот направи прекршок врз Балерин во сопствениот шеснаесетник. Судијата Мајк Дин покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Обамејанг.

Манчестер Јунајтед имаше само два удари во рамките на голот на противникот, што секако е премалку за избегнување на пораз.

Со овие три бода Арсенал стигна на осмото место со 12 бодови, а Јунајтед е дури на 15-тото место со седум бодови од шест одиграни мечеви.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.