Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кристијано Роналдо по 72 дена се врати во тренинг центарот на Јувентус

Објавено:

Пред две недели Кристијано Роналдо се врати во Торино од Португалија и го испочитува 14-дневниот карантин.

Роналдо беше во Португалија со семејството за време на пандемијата на коронавирус, а се врати во Торино на почетокот од овој месец кога на клубовите официјално им беше дадена дозвола да започнат со тренинзи.

По неговото враќање, Португалецот мораше да биде ставен во карантин, што го прифати без никакви проблеми. Имаше опција да се врати на тренинзите порано ако беше тестиран како што тоа го правеше Златан Ибрахимовиќ, но Роналдо одлучи дека најдобро е да биде во домашна изолација 14 дена.

За Роналдо, изолацијата е конечно завршена денес, а тој веќе е тестиран. Наодот беше негативен и тој доби дозвола да се приклучи на тренинзите на „Старата дама“ денес.

Роналдо по 72 дена се врати во тренинг-кампот во Континас и во моментов е на лекарски прегледи. Првиот тренинг треба да се изврши во текот на денот.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама