SportM
Фудбал

ВИДЕО: Кристијано Роналдо „побегна“ од тренингот на Јувентус

Д М26 авг 2021
ВИДЕО: Кристијано Роналдо „побегна“ од тренингот на Јувентус

Кристијано Роналдо денеска прв го напушти тренингот на Јувентус.

Откако вчера го заврши тренингот поради повреда на раката, Кристијано пред се го напушти тренинг кампот на клубот од Торино.

Тој замина со својот автомобил и на тој начин само ги зголеми сомнежите за напуштање на клубот.

Роналдо е поврзан со преселбата во Манчестер Сити. Неговиот агент Мендеш е во Торино и денеска ќе преговара со челниците на Јувентус.

Наводно, шансите Роналдо да го напушти Јувентус за Манчестер Сити се 50 проценти. Се очекува тој дополнително да го зголеми притисокот врз управата на Старата Дама во наредните денови и нема да биде чудно дали Роналдо ќе ги напушти „бјанконерите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)


Кристијано Роналдо е во дресот на Јувентус од 2018. Одигра вкупно 134 натпревари и постигна 101 гол.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.