ВИДЕО: Лицето на одличниот напаѓач повеќе нема да биде исто

Нигерискиот фудбалер Виктор Осимхен заработи тешка повреда на натпреварот помеѓу Интер и Наполи.
22-годишникот настрадал во директен судир со дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар, а несреќниот Нигериец ја скршил јаболчната коска.
Затоа завршил на операционата маса, а денеска е откриено дека за време на операцијата му биле поставени шест табли и 18 завртки.
Неговото лице по оваа операција повеќе нема да биде исто. Меѓутоа, не можеше да биде поинаку, а Осимхен може да има малку проблеми да се навикне на вградените плочки и завртките.
Одличниот напаѓач треба да паузира три месеци и неговото отсуство дефинитивно е голем удар за тимот на Лучијано Спалети.
Осимхен одигра феноменално оваа сезона. Настапи на 14 натпревари и има учинок од девет гола и две асистенции.



