Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лудница во малото мадридско дерби, Димитриевски одбрани пенал и незаборавно деби за Фалкао

Рајо Валекано го победи Гетафе со 3: 0 во натпреварот од петтото коло во шпанската Ла Лига.

Малото дерби на Мадрид му припадна на домаќинот кој стигна до втората победа во петтиот натпревар, додека Гетафе остана закован на дното без ниту еден бод и со гол разлика од 1:8.

Рајо поведе во деветтата минута со голот од пенал кој го постигна Трејо. Интересно, до првиот дел беа видени вкупно седум жолти картони, проследени со уште пет предупредувања.

До 78 -та минута, Гетафе се држеше до некаде во семафорот, а потоа за четири минути, два гола на домашниот тим. Најпрво, Сис го удвои водството на домашниот тим во 78. минута, а потоа резервниот играч Радамел Фалкао постигна гол за конечни 3-0 во 82. минута, на асистенција на Сис.

Колумбиецот неодамна пристигна во редовите на Рајо и тука во првиот настап покажа дека ќе биде вистинско засилување и дека неговото време се уште не поминало.

Гостите имаа најдобра шанса за гол во 85. минута, но Енес Унал промаши, односно ударот од 11 метри го одбрани нашиот голман Димитревски.