Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонија доминира на полувреме против Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација во моментов го игра натпреварот од 4. коло во рамките на Лигата на Нации против репрезентацијата на Гибралтар.

Нашата репрезентација покажа одлична игра и ја оправда улогата на фаворит на натпреварот, а резултатот од 4:0 на полувреме го докажува тоа.

Енис Барди го отвори резултатот со одличен гол од слободен удар за 1:0 уште во 4. минута од натпреварот.

Потоа Миоски два пати ја затресе мрежата на гостите во 16. и во 19. минута од натпреварот и зголеми на 3:0.

Во 31. минута од натпреварот Чурлинов погоди за големо водство на Македонија од 4:0.

Реклама

Facebook