SportM
Фудбал

ВИДЕО: Матуид не го разбра ризикот од коронавирус

Д М17 мар 2020
ВИДЕО: Матуид не го разбра ризикот од коронавирус

Само еден ден пред неговиот тест за коронавирус да излезе позитивен, играчот од средниот ред на Јувентус, Блез Матуиди, сними видео порака на која се гледа како не разбира колку е сериозна заразната болест.

Ковид-19 досега зарази 11 играчи во Серија А, со тоа што првиот од нив е тимскиот колега на Матуид од Јувентус, Даниеле Ругани.

Оваа вечер Јувентус објави дека Матуиди исто така позитивно тестирал за коронавирус.

Еден ден пред тоа, француски репрезентативец сними видео-порака од неговиот дом во кој ќе биде во изолација со семејството од март.

„Отпрвин, не сфатив колку е сериозна болеста, колку е опасна и колку брзо се шири овде во Италија. Илјадници луѓе се заразени за само неколку дена, без притоа да забележат. Треба да разбереме дека оваа болест може да влијае врз сите нас, нашите семејства и блиските до нас“, вели Матуиди во видеото.

„Важно е да го земеме предвид ова и да ги следиме правилата“, додаде тој.

Италија е земја која е најпогодена од оваа заразна болест, послем Кина.

Досега, 26.062 лица биле заразени со коронавирус во Италија, 2.503 починале, а 2.060 се на интензивна нега.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.