SportM
Фудбал

ВИДЕО: Меси се врати во Барселона, но нема долго да остане

E R28 јул 2021
ВИДЕО: Меси се врати во Барселона, но нема долго да остане

Лионел Меси денеска се врати во Барселона по годишниот одмор во Мајами. Сепак, како што пишуваат тамошните медиуми, тука нема долго да се задржи бидејќи следува нов одмор на други дестинации. Дури по тој одмор ќе се врати на тренинзите за новата сезона.

Во моментов тој е слободен играч, откако му истече договорот со Барселона, но се очекува на почетокот на август Аргентинецот да потпише нов договор. Според медиумите, новиот договор би требало да биде со важност од пет години.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.