Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Милер го учи Коста како да лежи зад живиот ѕид – Бразилецот изгледаше како изгубен случај

Даглас Коста се врати од Јувентус во Баерн во последните денови од преодниот рок.

Ханси Флик веднаш започна да му дава шанса на искусниот Бразилец, а така беше и синоќа на дуелот со Арминија од Билефелд.

Коста беше главниот актер на навистина смешната сцена во финишот на натпреварот за време на слободниот удар за домашниот тим.

Во последно време стана вообичаено еден од играчите да лежи зад живиот ѕид за противникот да не го изненади голманот со топка од земја.

Синоќа, таа улога ја играше Коста, кој се чинеше изгубен, бидејќи Томас Милер му даваше упатства како да легне.

Откако смени неколку пози, тој одлучи дека најбезбедна е онаа каде е свртен со лицето кон Мануел Нојер.

Advertisement

Facebook

Реклама