Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Моментот на инспирација на Роналдо и бомбата на Санчо за нокаут фазата од Лигата на шампионите

Манчестер Јунајтед се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите откако го совлада Виљареал со 0-2.

Натпреварот на стадионот „Ел Мадригал“ започна со седум минути задоцнување бидејќи судијата Феликс Брих имаше одредени проблеми со комуникациската опрема.

Првото полувреме помина во внимателна игра, без поголеми прилики и возбудувања. Домашниот тим беше малку поангажиран, но мрежите мируваа.

И на стартот од продолжението шпанскиот претставник имаше нешто повеќе од игра. Во 59. минута одлична шанса имаше Ману Тригерос кој шутираше од 10 метри, но Давид Де Хеа брилијантно одбрани.

Моментот на одлука се случи во 78. минута. Една топка стигна до Кристијано Роналдо на работ од шеснаесетникот. Португалецот не размислуваше премногу, веднаш го лобуваше Рули и постигна убав гол.

Тоа беше 140. гол за Роналдо во Лигата на шампионите и шести оваа сезона со кој практично ја потопи Жолтата подморница.

До крајот на натпреварот на теренот имаше само една екипа, а конечниот резултат во 90. минута го постигна Џејдон Санчо со прецизен и силен удар под гредата.

Со оваа победа „црвените ѓаволи“ се пласираа во осминафиналето од Лигата на шампионите, а во последното коло ќе имаат доволно бодови против Јанг Бојс за потврда на првото место.

Реклама

Facebook

Реклама