ВИДЕО: Можеби веќе го имаме голот на сезоната: Ѕвездата на Парма претрча цел терен, мина неколку играчи и постигна ефектен погодок
Д М23 сеп 2018

Парма денеска успеа да дојде до важни три бода на домашен терен против Каљари.
Тимот од Енио Тардини победи со 2:0, резултатот го отвори Роберто Инглезе во 20-та минута, но она по што ќе се памети овој натпревар е неверојатниот гол на Жервињо, гол во стил на Марадона.
Играчот од Брегот на Словота Коска, успеа да постигне гол каков што ретко се гледа, можеби и веќе да се каже дека е и во конкуренција за гол на сезоната.
Тој претрча скоро цел терен минувајќи неколку играчи и на ефектен начин успеа да постигне гол за победа на својот тим од 2:0.
Погледнете го ова фантастично дело на Жервињо:
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



