Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: На денешен ден пред 14 години Меси го запиша својот прв настап за Барселона

Ѕвездата на Барселона Лионел Меси на денешен ден пред точно 14 години го имаше своето деби во сениорскиот состав на Барселона.

Меси на натпреварот на Барселона против Еспањол пред повеќе од 34.000-та публика влезе во игра како замена на Деко и го носеше дресот со број 30.

Лионел Меси на овој натпревар имаше само 17 години и 3 месеци, а првиот гол за Барселона го постигна по 7 и пол месеци по дебито, т.е. на 1-ви мај 2005-та година против Албасете.

Оттогаш па се до денес Меси целата своја професионална кариера ја помина во Барселона.

Со каталонскиот клуб освои девет шампионати на Шпанија, шест Куп трофеи, осум шпански Супер купа, четири титули во Лигата на шампионите, три УЕФА Супер купа и три клупски светски шампионати.

Покрај тоа, Меси има пет „Златни топки“ и четири „Златни копачки“.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com