Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: На навивачите на Реал нема да им биде „добро“ кога ќе го видат Бејл како го следи натпреварот на Тотенхем

Фудбалерите на Тотенхем во моментов играат на домашен терен против Њукасл во мечот од 3. коло на Премиер лигата.

Тотенхем успеа да поведе во 25-та минута кога Кејн одлично погоди за 1:0.

Неколку минути подоцна домашните имаа уште една добра шанса преку Сон, но немаше погодок.

Од трибините го следи натпреварот и Герет Бејл, кој пристигна во Тотенхем од Реал Мадрид и очигледно е полн со ентузијазам.

Познато е дека на натпреварите на Реал додека беше на трибините тој скоро спиеше на натпреварите, но ситуацијата драстично се промени откако ги напушти „кралевите“.

 

Advertisement