Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: На претседателот на Барселона ќе му беше подобро ако не се појавеше на улица

Претседателот на Барселона Жозеп Марија Бартомеу денес се појави во јавноста за прв пат по сите проблеми со Лионел Меси.

Меси го означи Бартомеу како главен виновник за барањето да го напушти клубот. Аргентинецот стави мета на грбот на претседателот и тој денес е омразен од навивачите.

Претходно не беше премногу популарен, но по медиумските настапи на Меси во кои јасно го замоли Бартомеу да замине, ставот на навивачите на клубот е јасен – тие сакаат тој да си замине.

Денес, по долго време, Бартомеу се појави во јавноста за прв пат, но на крајот на краиштата, ќе беше подобро ако тој не ја напушти куќата. Тој доби жестоки навреди и јасна порака дека навивачите сакаат тој да си замине.

Тој ќе биде на позицијата претседател најмалку уште неколку месеци бидејќи клупските избори се закажани за март следната година.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com