Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нема финале за Андоновски на ОИ во Токио, но има шанса за бронзен медал

Македонскиот фудбалски стратег Владко Андоновски не успеа да ја однесе женската фудбалска селекција на САД во финале на Олимписките игри во Токио. Во полуфиналето поразени се од селекцијата на Канада со 1:0. Во второто полуфинале играат Австралија и Шведска, па Андоновски и САД против тимот кој ќе загуби на овој натпревар ќе играат за бронзен медал.

Ова е втора Олимпијада по ред во која САД нема да има можност да се бори за златото откако во 2016 година испаднаа уште во осминафиналето од репрезентацијата на Шведска.

 

Facebook