SportM
Фудбал

ВИДЕО: Несторовски со порака до тренерот откако му донесе победа на Удинезе против Торино

E R13 дек 2020
ВИДЕО: Несторовски со порака до тренерот откако му донесе победа на Удинезе против Торино

Илија Несторовски го реши мечот Торино – Удинезе откако погоди за победа од 3:2 на гостите. Ова е прв гол за нашиот репрезентативец во оваа сезона. Последен пат стрелал минатата сезона, во јули месец против Јувентус во победата од 2:1.

Не е стандарден Несторовски сезонава, па неговата изјава по мечот може да се протолкува како порака до тренерот на Удинезе.

– Ја добив шансата и постигнав гол, се надевам дека на следниот меч ќе добијам повеќе простор за игра. Ова е силен тим, почнавме да играме фудбал и ова не е оној Удинезе од претходните сезони. Знаеме за што играме на теренот и се надевам дека ќе ги израдуваме нашите фанови, кои се надевам дека брзо ќе ги видиме на трибините,  изјавил Несторовски за официјалниот телевизиски канал на Удинезе.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.