SportM
Фудбал

ВИДЕО: Никој како Ливерпул

E R25 фев 2020
ВИДЕО: Никој како Ливерпул

Нов чекор кон шампионската титула направи екипата на Ливерпул откако преку пресврт славеше во пресметката со Вест Хем.

Прво поведе тимот на Јурген Клоп со голот на Вајналдум по девет минути игра, но следуваа два гола во нивната мрежа, а стрелци беа Диоп и Форналс.

Сепак, во вториот дел Салах во 68-ма и Мане 81-та минута погодија за пресврт и победа за 22 бодови предност во однос на Манчестер Сити.

Јасно е дека Ливерпул ќе ја освои титулата, но не е јасно со каков биланс, односно дали тоа ќе биде без пораз. Во досегашниот тек имаат 26 победи и само едно реми, без загубен меч.

Мора да се напомене дека по 27 одиграни кола Ливерпул уште сега обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона бидејќи четвртопласираниот Челзи во моментов има 35 бодови помалку, па сите мечеви до крајот да ги загуби Ливерпул сепак нема да има проблеми со освојувањето на едно од четирите места.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.