SportM
Фудбал

ВИДЕО: Олд Трафорд го пречека Ралф Рангник со громогласен аплауз

Д М5 дек 2021
ВИДЕО: Олд Трафорд го пречека Ралф Рангник со громогласен аплауз

Германскиот стручњак Ралф Рангник со победа ја започна авантурата на клупата на Манчестер Јунајтед.

Неговиот тим денеска го совлада Кристал Палас со 1-0 во рамките на 15. коло од Премиер лигата.

Стрелец на победничкиот гол беше Фред во 77. минута.

Со оваа победа „црвените ѓаволи“ стигнаа до 24. бод во лигата и моментално се на шестата позиција.

Новиот тренер на Јунајтед, Ралф Рангник беше испратен од Олд Трафорд со громогласен аплауз, а самиот клуб објави се на својот Твитер профил. Погледнете како тоа изгледаше.

https://twitter.com/ManUtd/status/1467530313702289408

За Јунајтед ова беше втора врзана победа во првенството, а следниот натпревар ќе го одиграат за шест дена на гостувањето кај Норич Сити.

Пред тоа ќе играат во Лигата на шампионите каде за три дена во 6.коло ќе се сретнат со швајцарскиот Јанг Бојс.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.