ВИДЕО: Погба не покажа милост кон својата мајка, но испрати важна животна порака

Пол Погба е еден од најпопуларните фудбалери на денешницата и тој често ги воодушевува своите фанови со интересни и комични најави.
Овој пат тој реши да се пошегува со својата мајка, но со многу инспиративна порака што може да се толкува како многу важна животна лекција.
Да, Морибо сакаше да му докаже на својот син дека знае да игра фудбал, сепак, францускиот светски шампион немаше милост кон нејзината мајка.
Во описот на видеото, Погба најпрво се пошегува со зборовите „кога мајка ти ќе каже дека порано играла фудбал“, а потоа дошло и до посериозниот дел:
„Сакајте ги родителите и поминете време со нив пред да го напуштат овој свет“, рече Погба покрај хаштагите „без милост“ и „син против мајка“.
https://www.instagram.com/p/B_Ph3iYFymh/?utm_source=ig_embed



