Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Покетино објасни зошто го извади Меси

ПСЖ синоќа славеше против Лион 2:1,   а при резултат 1:1 Маурисио Покетино одлучи да го извади Лионел Меси.

На Аргентинецот тоа не му се допадна, беше во неверување, а кога излезе не ни се поздрави со својот тренер.

Тоа беше јасен показател дека Меси е разочаран од овој потег, што не е ништо ново, со оглед на тоа што тој речиси никогаш не го доживеа во Барселона.

ПСЖ на крајот славеше победа, а Покетино даде интересно објаснување за играта на Меси.

„Донесов одлука да го извадам Меси за да го заштити и да не го повредам до крајот на играта. Пред нас се важни натпревари, сакам да го заштитам“, рече тој.

Вака изгледаше синоќа.

Дали синоќешниот детал ќе влијае на соработката помеѓу Покетино и Меси во иднина, останува да видиме.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама