ВИДЕО: Пожар на стадионот, натпревар помеѓу Андора и Англија под знак прашалник

Стадионот на кој фудбалската репрезентација на Андора треба да се сретне со Англија в сабота се запали.
Националниот стадион на Андора се запали во петокот, па сега квалификациите за Светското првенство се во прашање.
Пожарот започна веднаш до телевизиската кабина, веднаш до блокот на станбени згради што се наоѓаат веднаш до стадионот.
Here's the moment a fire broke out at the Estadi Nacional during @RobDorsettSky's live report on Sky Sports News… pic.twitter.com/CH1KpC71XN
— Sky Sports News (@SkySportsNews) October 8, 2021
Пожарникарите реагираа со голема брзина и за само неколку минути го ставија пожарот под контрола.
Засега нема официјална потврда за причината за избувнувањето на пожарот или евентуално повредени лица, а се чека потврда дали натпреварот ќе се одигра според планот во сабота.
Теренот на стадионот е вештачки и ќе биде многу тешко да се поправи за еден ден.
Квалификациите за Светското првенство можете да ги гледате само на каналите на Спорт клубот.



