SportM
Фудбал

ВИДЕО: Роналдо со два гола го одржува Јувентус во „живот“, губеше од Удинезе

E R2 мај 2021
ВИДЕО: Роналдо со два гола го одржува Јувентус во „живот“, губеше од Удинезе

Јувентус со пресврт славеше на гостувањето кај Удинезе, благодарејќи на двата гола на Кристијано Роналдо. Домаќините поведоа со голот на Молина по само 10 минути игра. Овој резултат беше актуелен до последните десетина минути од мечот, кога на сцена стапи Роналдо. Најнапред во 83-та, па потоа во 89-та погоди за пресврт и победа на Јувентус од 2:1. Со оваа победа „Старата дама“ изби на третото место на табелата зад Интер и Аталанта и останува во трка за позициите кои носат пласман во ЛШ на четири кола до крајот. Како што е познато Интер денеска е промовиран во нов шампион со што заврши 9-годишната доминација на Јувентус.

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.