SportM
Фудбал

ВИДЕО: Роналдо и Буфон ги пречекаа момчињата кои го преживеаја земјотрес во Албанија

Д М7 дек 2019
ВИДЕО: Роналдо и Буфон ги пречекаа момчињата кои го преживеаја земјотрес во Албанија

Аурел Лала и Алесио Какони, момчиња од десет и седум години, кои успеаја да го преживеат катастрофалниот земјотрес во Албанија, добија изненадување на кое ќе се сеќаваат целиот живот.

Земјотресот што се случи во Албанија кон крајот на минатиот месец однесе десетици животи, многу куќи беа уништени, а Аурел и Алесио преживеаја скокајќи од прозорците.

Во земјотресот, момчињата изгубија неколку членови на семејството, а во болницата, кога ги посети премиерот Еди Рама, тие рекоа дека е нивниот сон да се сретнат со sвездите на Јувентус, Кристијано Роналдо и Џанлуиџи Буфон.

Рама веднаш ги активира „врските“ и се договори со двајцата познати фудбалери. Тој ги однесе момчињата во Торино и ги запозна со нивните идоли кои им спремија и подароци во форма на потпишани дресови, така што тие ќе имаат вечно сеќавање на средбата со нив.

„Во Албанија, Јувентус е како религија“, рече Рама во Торино.

Несомнено е дека во овие тешки моменти двете момчиња беа воодушевени кога ги запознаа своите идоли, кои, по кој знае кој пат, покажаа дека имаат големо срце.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.