ВИДЕО: Роналдо повторно ги налути властите
E R19 апр 2020

Ѕвездата на Јувентус ужива во својот дом во Мадеира, Португалија пред да се врати во Торино. Денеска се појавил на забава на внуката Алисиа Авеиро, а групните собирања како што е познато се забранети и во Португалија, па со ова Роналдо ги налути тамошните власти.
Неговата вила се наоѓа на само дваесетина километри од „црвената зона“ во Португалија каде е пријавено поголем број на случаи на заразени со коронавирус. Роналдо го обвинуваат за негрижа, а веројатно на него баш му е гајле.
Пред само неколку дена беше фотографиран на стадионот „Насионал“ како тренира.
По враќањето во Италија и Роналдо го чека 14-дневен карантин.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



