ВИДЕО: Третолигаш за противник во Купот на кралот го доби Реал Мадрид, па следеше неопислива прослава

Денес, во просториите на Фудбалската федерација на Шпанија, беа извлечени паровите за 1/16 финале на Купот на кралот.
По тој повод, тетолигашот Унионистас Саламанка го доби Реал Мадрид за противник, па следеше неопислива прослава меѓу играчите кои ја следеа ждрепката во клупските простории.
Овој тим ќе биде домаќин на славниот Реал Мадрид во 1/16 финале каде се игра само еден натпревар и ќе има можност да игра против некои од најголемите sвезди на светот, па не е ни чудо што славеа.
Ова дефинитивно ќе биде една од ретките можности целиот свет да слушне за нив и затоа имаат право да се радуваат.
Инаку, сите парови од 1/16 финале изгледаат вака:
Ибица – Барселона
Логронес – Валенсија
Културал Леонеса – Атлетико Мадрид
Унионистас Саламанка – Реал Мадрид
Ебро – Легањес
Бадахоз – Еибар
Бадалона – Гранада
Релативо Хуелва – Осасуна,
Рајо Валекано – Реал Бетис
Мирандес – Селта Виго
Тенерифе – Реал Ваљадолид
Жирона – Виљареал
Елче – Атлетик Билбао
Реал Сарагоса – Реал Мајорка
Севилја – Леванте
Реал Сосиедад – Еспањол
Титулата во Купот на кралот ја брани Валенсија.
https://twitter.com/UnionistasCF/status/1217059058118688769



