ВИДЕО: УЕФА објави кој го постигна најубавиот гол на Европското првенство

Љубителите на фудбалот изминатиов месец можеа да уживаат во одлични натпревари на Европското првенство.
Европското првенство ни донесе фантастични натпревари, а на крајот, репрезентацијата на Италија се најде на тронот во Европа, совладувајќи ја селекцијата на Англија на последниот натпревар по пенали.
Од 11 јуни до 11 јули гледавме дури 51 натпревар на Европското првенство, каде беа постигнати дури 142 гола, или 2,79 гола по натпревар, што е навистина извонреден просек.
Најмногу голови постигнаа Италија и Шпанија со по 13 погодоци, а ја следеа Данска со 12 погодоци и Англија, која успеа да ја затресе мрежата на противникот девет пати на овој турнир.
Најдобар стрелец на турнирот на крајот беше Кристијано Роналдо кој постигна пет погодоци исто како и Патрик Шик, но Португалецот ја освои наградата затоа што забележа и една асистенција.
Сепак, Шик може да биде горд на своите игри во дресот на Чешка на ЕУРО. Чешка се пласираше во четвртфиналето и остави одличен впечаток, а Шик беше најдобриот играч на оваа селекција.
Иако Роналдо ја „грабна“ својата награда за најдобар стрелец, денес УЕФА сепак го награди и Шик.
Имено, УЕФА објави дека Шик ја добил наградата за најубав гол на турнирот. Тоа беше гол на мечот против Шкотска кога Шик успеа да го совлада противничкиот голман од центарот во Хемпден Парк.
🇨🇿🙌 After almost 800k votes, Patrik Schick's long-range stunner vs Scotland is UEFA EURO 2020 Goal of the Tournament! ⚽️💥#EUROGOTT @GazpromFootball #EURO2020 pic.twitter.com/qBENMPj25b
— UEFA EURO (@UEFAEURO) July 14, 2021
Видовме неколку навистина големи голови на ЕУРО, а во трката за оваа награда беа и Лука Модриќ, Пол Погба, Микел Дамсгард, Џердан Шаќири и Торган Азар.



