Вилијан: Мојата иднина е во рацете на Челзи
Д М29 ное 2019

Вилијан уште еднаш изрази желба да остане во лондонскиот клуб, но допрва треба да постигне договор со клубот.
Бразилецот ја минува седмата сезона на „Стемфорд Бриџ“, со неговиот договор кој завршува во јуни.
Но, самиот 32-годишник изјави дека има намера да остане во Челзи, и чека разговори за нов договор.
„Се чувствувам среќен што играм овде, за овој клуб, но ситуацијата не е во мои раце. Мојата иднина е во рацете на клупските челници“, рече Вилијан.
„Ги чекам нив. Тие знаат што точно сакам, па ќе ги чекам“, заврши Бразилецот.
Вилијан го направи својот 17. настап во средата во ремито (2-2) во Лигата на шампионите против Валенсија, играјќи 80 минути пред да биде заменет со Мејсон Монт.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



