Вилијан: Сакам да играм во Челзи до 40-годишна возраст

Бразилскиот крилен играч Вилијан е многу среќен во Челси и очигледно нема намера да го напушти овој клуб.
Вилијан претходно беше поврзан со преселба во Барселона, а со оглед на тоа што неговиот договор истекува следното лето, тој ќе има оврзани раце во јануари за да преговара со другите клубови.
Сепак, ова не му паѓа на памет и наведува дека тој сака да остане на стадионот „Стемфорд Бриџ“ се додека не наполни 40 години.
„Сите знаат дека го сакам овој клуб и колку уживам да играм за Челзи. Ако можам, ќе останам овде до 40-та година. Сакам да останам затоа што сакам да играм овде. Не е само моја одлука, ние треба да решиме заедно. Разговаравме. Се надевам дека можам да кажам дека ќе останам, но засега не можам да го кажам тоа “, рече Вилијан.
Овој 31-годишен Бразилец дојде во Челси летото 2013 година од Анжи, откако претходно играше за Шахтјор и Коринтиас.
Тој оваа сезона има запишано 23 натпревари во синиот дрес и има постигнато пет голови со четири асистенции.



