Винисиус Јуниор би можел да потпише долгорочен договор со Реал
Д М20 апр 2022

Винисиус Јуниор е решен да остане што подолго во Реал Мадрид.
Италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо пренесува дека се очекува бразилскиот напаѓач да потпише долгорочен договор со „Лос Бланкос“.
Во оваа прилика, 21-годишниот фудбалер може да се поврзе со лидерот во Ла Лига до 2027 година, отстранувајќи ги сите дилеми околу неговата иднина.
Винисиус ужива во најдобрата сезона досега во Мадрид.
На 44 натпревари има постигнато 17 голови и 17 асистенции.
Со Карим Бенземан креираат страшно дуо во нападот на Реал.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



