SportM
Фудбал

Винисиус: Роналдо дојде во нашата соблекувална на полувреме

Д М2 мар 2020
Винисиус: Роналдо дојде во нашата соблекувална на полувреме

Кристијано Роналдо во неделата вечер дојде на „Сантијаго Бернабеу“ за да ги поддржи своите поранешни соиграчи во одличниот „Ел Класико“, и на крајот имаше причина да биде задоволен.

Реал славеше со 2-0 со головите постигнати на Винисиус Јуниор и Маријано Дијаз. Винисиуас го прослави голот во стилот на Кристијано Роналдо, и откри дека Португалецот слезе на полувреме во нивната соблекувална.

„На полувремето тој влезе во соблекувалната и морално не поддржуваше. Затоа го прославив голот во неговиот стил. Тој е победник и на теренот и надвор од него”, рече Винисиус.

Роналдо, сега член на Јувентус, со голема радост славеше за головите на Реал, а наводно му открил на својот новинар пријател дека сака да се врати во Мадрид.

https://youtu.be/xqVdg66SwkA

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.