SportM
Фудбал

Вирџил ван Дајк успешно опериран

Д М30 окт 2020
Вирџил ван Дајк успешно опериран

Успешно беше опериран еден од најдобрите стопери на светот, Вирџил ван Дајк.

Ван Дајк се здоби со сериозна повреда по судирот со голманот на Евертон, Пикфорд, па ги оперираше предните вкрстени лигаменти во Лондон. Ливерпул објави дека операцијата поминала без компликации.

Ван Дајк сега започнува програма за рехабилитација под надзор на медицинскиот тим на клубот, а Ливерпул не објави колку време ќе трае целата рехабилитација, но со оглед на повредата, се претпоставува дека Холанѓанецот ќе се врати за шест до осум месеци.

Тоа е голема загуба за Ливерпул, но Јирген Клоп ќе се обиде да ги задржи високите амбиции и надежи на клубот во јануари доведувајќи нов стопер за да може повторно да ја освои Премиер лигата, но и да биде европски шампион.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.