SportM
Фудбал

Вистинско чудо е што заврши со овој резултат: ВАР ја спаси Барселона, не чека спектакл во Истанбул

Д М10 мар 2022
Вистинско чудо е што заврши со овој резултат: ВАР ја спаси Барселона, не чека спектакл во Истанбул

Барселона и Галатасарај одиграа 0-0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа.

Сепак, не е дека немаше шанси. Вистинско чудо е што денеска не видовме барем еден гол.

Првото поголемо возбудување го видовме во 28. минута. Педри беше соборен, беше досуден слободен удар за Барселона од некои 20 метри од голот. Депај шутираше, но Инаки Пена се истакна и брилијантно го одбрани.

После тоа, првата одлична можност за гостите од Истанбул. Актуркоглу се најде во шанса, шутираше, но неговиот удар беше изблокиран во последен момент и топката отиде во корнер.

До крајот на првото полувреме нов обид на Депај, но Пена покажува рефлекси и го одбрани ударот на Холанѓанецот.

Инаки Пена се истакна и во 59. минута кога брилијантно го одбрани ударот на Бускетс по корнер, а само четири минути подоцна шанса имаше Жорди Алба, но топката отиде покрај голот.

Во 74. и 76. минута нови возбудувања пред голот на гостите. Дембеле шутира малку над голот, а потоа Де Јонг ја погодува стативата.

Ладна пот ги преплави навивачите на Барселона во 79. минута. Гомис погоди за 0:1, но ВАР излезе и утврди офсајд, па голот беше поништен.

Реваншот е закажан за 17 март во Истанбул на стадионот Неф.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.