SportM
Фудбал

Влаховиќ бил изненаден кога влегол во соблекувалната на Јувентус (ВИДЕО)

Д М28 јан 2022
Влаховиќ бил изненаден кога влегол во соблекувалната на Јувентус (ВИДЕО)

Јувентус вечерва го официјализираше доаѓањето на Душан Влаховиќ во своите редови.

Српскиот напаѓач блескаше оваа сезона во дресот на Фиорентина, но реши да го напушти клубот од Фиренца во јануарскиот преоден рок.

Фиорентина од овој трансфер заработи дури 75 милиони евра, но навивачите на овој клуб не можат да му простат на Влаховиќ што потпиша за најголемиот ривал.

Влаховиќ вечерва и официјално беше претставен како засилување на Јувентус, па од својот нов клуб го позајми дресот со број седум.

По фотографирањето и потпишувањето на договорот во соблекувалната, го дочека големо изненадување. Јувентус не заборави дека Влаховиќ денеска го слави својот 22 роденден, па српскиот напаѓач беше пречекан со торта во соблекувалната.

Ја изгасна свеќата и посака желба која сигурно се исполни на почетокот на овој ден со потпис за Старата дама.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.