SportM
Фудбал

Во 11:11 часот на 11 јануари го потпиша договорот, ќе го носи бројот 11 и неговиот рекорд е практично недостижен

Д М11 јан 2021
Во 11:11 часот на 11 јануари го потпиша договорот, ќе го носи бројот 11 и неговиот рекорд е практично недостижен

Казујоши Миура останува најстариот играч што некогаш играл фудбал професионално.

Јапонскиот фудбалер има 54 години, но следната сезона ќе ја игра во Јапонија во највисокиот ранг фудбал таму.

Тој потпиша договор со Јокохама на 11 јануари во 11 часот и 11 минути и ќе го носи бројот 11. На 53, шест месеци и 28 дена, тој го држи рекордот како најстариот професионален фудбалер што одиграл натпревар.

Тој во февруари ќе наполни 54 години и со тоа ќе го сруши сопствениот рекорд, што е скоро недостижeн.

Кариерата ја започна во 1986 година, а покрај клубовите во Јапонија, играше и за Сантос, Палмеирас и Коритибу во Бразил, беше член на италијанска Xенова, хрватски Динамо (тогаш се викаше Хрватска) …

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.